Неделно по 300 средби, во просек по 60 секој работен ден или 7,5 средби секој работен час имал новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.

– Зборот е збор, Струмицо моја. Честопати ме прашуваат дали имам отворен ден за граѓаните, одговорот е јасен, секој ден е ден за граѓаните. Фактот дека неделно остваруваме 300 средби со граѓани е само мотивација плус да продолжам да го одам патот по кој сум тргнат. Благодарам за поддршката и разбирањето во овие први месеци од мојот мандат кој вие ми го дадовте, објави Костадинов на својот официјален профил на Фејсбук.

Како тоа го постигнува, со толку турбо работа доскорешниот портпарол и пратеник на СДСМ, само тој си знае. А од утре ќе мора да планира време за средба и со старо-новиот граѓанин на Струмица, негов доскорешен партиски шеф и премиер во оставка, Зоран Заев.