Кога станува збор за македонскиот народ, за македонскиот јазик, добро е да се потсетиме на еден запис на британскиот новинар, општественик и познавач на македонските и балканските околности Хенри Ноел Брејлсфорд веднаш по Илинденското востание, вели проф. д-р Наташа Котлар.
Таа на својот профил на Фејсбук објавува:
– Тие [Македонците, б.н.] се народ врзан за почвата, вкостени во своите села со ограничен опсег на чувства, кои побожно се вртат околу нивните планини, нивните реки и нивните древни цркви. Нација на селани, што тргнува со вакви конзервативни одлики, бргу ќе развие вистински патриотизам…Нивните балади за бунт, во кои зборот ‘МАКЕДОНИЈА’ се јавува во секој рефрен, докажуваат дека тие имаат татковина, објави универзитетската професорка Котлар од Институтот за историја од Скопје, на својот Фејсбук-профил.