Господо политичари, што се претставувате упорно и глупаво како северни и арогантно се позиционирате во македонското собрание, му кажавте ли на Ван дер Белен претседателот на Австрија, дека ова Собрание е израз на антифашистичката борба на македонскиот народ и на народностите, што ја воделе против германскиот, бугарскиот, италијанскиот окупатор и нивните соработници? Му кажавте ли дека ова Собрание му должи сé на Првото заседание на АСНОМ кое ги донело историските одлуки со кои Македонија – а не „Северна“ востановена на „балкански начин“, според рецептот на еден друг Австриец Ј.Хан – неповратно е прогласена за суверена држава (1944). Без разлика на соседството, на тогашна Југославија, на меѓународните односи! Но, иако поминаа скоро осум децении, ниту еден од сегашниве демократски наследници на фашистичката идеологија и власт на македонска почва, не му се извина на македонскиот народ за сторените злодела, пакости, дрскости, насилства. И згора на тоа, со милозвучен тон на гласот, ни се сугерира, да сме направеле „уставни измени“ и тоа во услови на отворен бугарски национализам и шовинизам кон Македонецот, неговата историја, култура, име, со еден збор идентитет!

Од тоа ќе пропадне Македонија, од неофашизмот, а не од нечија бројност! Каде се тие, први да подадат рака и ничкум да паднат за прошка? Зошто овој висок австриски гостин не го осудува отрворениот настап на Бугарија за асимилација на сé што претставува македонско. Зошто, не сочувствува со Македонците во Бугарија! Жално и срамно, поведение на внатрешните и надворешните македонофоби на сред народното Собрание!

На што аплаудиравте „Северни“? На еден крајно непримерен говор, во кој, македонската држава е „шареница“ од народи (заедници), јазикот неспомнат како македонски, кој се разликувал од бугарскиот во изговорот и во мал дел во лексиката (со несоодетниот пример на австрискиот и германскиот јазик!?), небаре дијалект на бугарскиот!? Зарем, не знаат австриските политичари и други пртеставници, дека постои цела една наука по име славистика, во која македонистиката е значајна научна област на проучување и интерес.

Па токму таму, но и во нашата лингвистика (науката за јзаикот) е констаирано дека македонскиот јазик е посебен врз основа на семантичката (значенската), морфолошката (формалната) и синтаксичката функционалност и карактеристики. Што сме ние Македонците – интелектуални пигмејци, немаме наука и национална меморија, немаме и свест и совест, луѓе сме без интегритет, мебмрана за неофашизам и ревизионизам, па затоа, удри-мавај по сувереноста наша, кој како ќе стигне? Навистина, срамно, неваспитано, неуко, недолично и од северните домаќини и од австрискиот гостин! Чувајте се и ум в глава Македонци, предизвици и многу искушенија се на хоризонтот..!