Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар, најави поставување на сензори за мерење на бучава од автомобили

-По примерот на централните париски населби, на повеќе пунктови во Центар ќе поставиме сензори за мерење на бучава кои автоматски ќе сигнализираат бучава над 75 децибели кај надлежните институции со цел да се преземат соодветни мерки. За Центар со душа, напиша Котлар на Фејсбук.