Со задоцнување вечерва во Маврово и Ростуше пристигна премиерот Димитар Ковачевски за да го лестита изборот на нивниот кандидат кој се натпреваруваше сам и без ниту еден противкандидат.
– Дојдов да ја честитам победата на градоначалникот Аријан Ибраим, честиташе Ковачевски.
Откако во 19 часот беа затворени избирачките места пристигна и Ковачевски, со мало задоцнување поради сообраќајка на патот од Маврово.
Според податоците до 18.30 часот излегле 41,7 отсто од избирачите, а условот за успешни избори беше излезност од најмалку една третина од гласачите. Инаку, Ибраим немаше противкандидат.
– Се виде дека граѓаните се решени да го поддржат успешниот концепт на владината коалиција, а тешко се поразени оние сили кои не сакаа да се избере градоначалник во Центар Жупа, рече Ковачевски.
Тој додаде дека граѓаните знаат да ја ценат политиката на Владата и знаат што е добро за државата.
На прашањето што им е ветено на граѓаните на Општината, Ковачевски рече дека ќе биде реализирана програмата на Ибраим, но и ќе биде изграден патот што на жителите им е потребен.
Koвачевски рече дека очекува победа на коалицијата на СДСМ и во Маврово – Ростуше, каде на изборите денеска излегле 51,7 отсто од избирачите.