Драго ми е што денеска во Берлин имав можност да разменам мислења со повеќе претставници на германската академска и невладина заедница, како и со членови на германскиот Бундестаг, сојузното Министерство за надворешни работи и германската Социјал-демократска партија во рамки на експертската дискусија организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
– Од голема важност е размена на мислења и ставови за општествениот и економски развој на регионот од Западен Балкан. На дебатата ги потенцирав достигнувањата и досегашните успеси на С. Македонија на европскиот пат но и улогата на Германија како докажан партнер на евроинтегративниот пат на С. Македонија. Тоа се три децении развиени билатерални односи и континуирано објективен пристап и придонес кон напредокот на нашата земја. Благодарност до Фондацијата „Фридрих Еберт“ за овој настан, нејзината активна поддршка на реформите и демократската изградба на земјата во изминатите 27 години е од исклучително значење, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.
Ковачевски, како што објавивме, со делегација од Македонија беше во дводневна посета на Германија.