Декември нуди можност да се организира средба во Собранието со парламентарните партии, на која ќе ги дефинираме сите детали за одржувањето на изборите, одговори премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Вабтек МЗТ“ АД Скопје на прашањето дали се водат разговори со политичките партии во однос на одржувањето на изборите во 2024 година.

-Се водат разговори со политичките партии во однос на одржувањето на изборите во 2024 година. Во мај има доволно простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. Во однос на техничката влада, таа е законска обврска. На 100 дена пред одржување на изборите, во согласност со Законот за Владата, кој е важечки во државата, има техничка влада, рече Ковачевски.

Тој не прецизира дали со ДУИ ќе настапат со заеднички листи на изборите.

-Тоа е одлука на партиите и предмет на коалициски договори и во моментот за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме, додаде премиерот.