Според сите досегашни анкети СДСМ има најнизок рејтинг, но неговиот лидер Димитар Ковачевски, и покрај тоа е убеден дека ќе победи на изборите и пак ќе биде премиер.
Ковачевски насмеан „103,2 отсто и горд 78 отсто“ уверува дека пак тој ќе правел влада.
– Јас сум исклучително мотивиран човек, кој секојдневно работи, не седам во штаб и да цртам анкети за да ни биде поубаво. Ние сме на терен со граѓаните, со нови проекти. И на крај ќе бидеме победници. Тие анкети, од тие извори, имаше опозицијата на сите избори, па се покажаа тотално погрешни, рече денеска Ковачевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ реаираат дека нема истражување на јавното мислење кое не покажува дека рејтингот на власта стрмоглаво паѓа и дека огромно мнозинство од граѓаните мислат дека Македонија со Владата на Ковачевски оди во погрешен правец.