Ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, и екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, добија излез од затвор за да ја прослават Новата година со најблиските дома.

Како што појаснуваат за Фокус од Управата за извршување на санкции, двајцата ќе добијат денови кои законски им следуваат на слобода. Јанева ќе користи денови од годишниот одмор, а Мијалков ќе искористи викенд.

Јанева 7-годишната затворска казна за случајот Рекет ја издржува во женското одделение во затворот Идризово, а Мијалков е во затворот во Струга, каде што треба остане три години по спогодбата за случајот Империја.

Откако ќе одлежат дел од казната, затворениците ги следува годишен одмор од 20 дена, и еден слободен викенд во месецот.