Легендата вели дека Димитар Ковачевски уживал дури 50% доверба во една поголема скопска општинска организација на СДС, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

После таа анкета тој престанал да чита анкети и да се распрашува колкава доверба ужива меѓу граѓаните.
Нема истражување на јавното мислење кое не покажува дека рејтингот на власта стрмоглаво паѓа и дека огромно мнозинство од граѓаните мислат дека Македонија со владата на Ковачевски оди во погрешен правец. Но остануваме на ставот дека најдобрата анкета за ставот на граѓаните се претстојните избори.

Во Македонија никогаш не било полошо. Државата има најнизок раст на БДП во регионот, долгот ги руши сите рекорди, а околу 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија. Криминалот и корупцијата цветаат, а судството и обвинителството се впрегнати во јаремот на оваа Влада само и само функционерите да крадат а институциите да молчат.

Шегите на Ковачевски наскоро ќе му преседнат, кога ќе се соочи со реалноста.

Важно е да ги поразиме и оваа неспособна и криминогена власт да си замине, истакнува опозиционата партија.