РС Македонија имаше најбрзо интегрирање во НАТО, ќе имаме најбрзо интегрирање и во Европската Унија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за ТВ Канал 5.
Тој говореше и за вчерашната прослава на Илинден и оцени дека сме имале „исклучително достоинствено чествување“ на празинот.
– Имавме исклучително достоинствено чествување на 2 Август во Крушево и на другите места. Нeгативните коментари не одат во прилог на еден ден кога претседателот на државата додели постхумно највисоки државни почести и на Невена Георгиева Дуња. Претседателот Пендаровски ѝ оддаде почест неа и на низа други борци кои се бореле за независна македонска држава која практично ние денес ја живееме, рече Ковачевски.