Јас навечер не спијам затоа што од сабајле рано треба да се слушнам со премиерите на соседните земји, изјави премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во дебатниот магазин Клик плус на ТВ 21.
Тој рече дека додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бојкотира, премиерот ноќе не спие и мисли да обезбеди храна.
– Неодговорно е во вакви услови, човек да мисли само на себе. Јас знам дека во време на криза секој човек прво мисли на себе и мисли на своето семејство, но јас го немам тој луксуз. Јас навечер не спијам затоа што од сабајле рано треба да се слушнам со премиерите во Грција, Србија, во Бугарија за да се координираме во однос на непречен транспорт на храна, рече Ковачевски.