Голема благодарност упатувам кон другарот Зоран Заев кој пред 7 години ја врати слободата во државата и денес е голема поддршка на СДСМ, порачува бившиот премиер и лидер на СДСМ, Димитар КОвачевски.
– Тој (Заев з.н.) како вистински социјалдемократ носеше храбри одлуки. Македонија ги подобри односите со сите соседи и стана членка на НАТО.
Ние продолживме силно и одлучно по европскиот пат и заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски ќе направиме сѐ за да го задржиме правецот на татковината кон ЕУ, бидејќи тоа е нашата единствена алтернатива. Бројот 1 е секогаш пред останатите, затоа на 24-ти април и на 8-ми мај, ве повикувам сите да гласаме за европска иднина!- објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.
Претходно, и СДСМ на својот профил ја објави пораката и поддршката за Ковачевски и Стево Пендаровски за претседател на државата на која со заеднички сили и го сменија името, поради што денес илјадници граѓани се заробени во Македонија оти немаат пасош со придавката Северна од новото име на Република Македонија.
(Д. Г.)