На мое задоволство во Лондон се сретнавме со Џоан Хоје, уредничката за Европа на угледниот „Економист“, која раководи со Индексот на демократија во светот, што овој магазин го спроведува секоја година, информираше премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук-профил.
– Според истражувањето за минатата година, С. Македонија излезе од зоната на држави со „хибриден режим“ и влезе во кругот на функционални демократии како „демократија со недостатоци“. За само една година нашата земја направи скок од пет места и сега е рангирана на 73 место. Рангирањето на „Економист“ за нас е поттик да ја задржиме посветеноста на унапредување на правата на граѓаните и медиумите градејќи слободно општество, напиша премиерот Ковачевски на фејсбук.