Оваа Влада е сојузник на студентите, на иста маса отворено разговараме за сите проблеми и предлози, заеднички носиме решенија за секој предвизвик, вели премиерот Димитар Квачевски во честитката до студентите, кои денеска за студетскиот протест и покажаа ѓолт картон на Владата на ќие чело е тој.

– Честит Меѓународен ден на студентите, тие се иднината на државата. Студентите секогаш имаат право да ги кажат своите ставови, предлози и да бидат вклучени во креирањето на политиките што ги засегаат нив, но и општеството. Наша должност од друга страна е да ги почитуваме нивните ставови, да разговараме и да носиме мерки за подобрување на студентскиот стандард. Оваа Влада е сојузник на студентите, на иста маса отворено разговараме за сите проблеми и предлози, заеднички носиме решенија за секој предвизвик, вели Ковачевски во честитката.

Инаку, речиси во исто време кога премиерот Ковачевски им честита на студентите, тие го истакнуваат своето незадоволство пред Владата „која им е сојузник“. Денеска студенти од цела Македонија излегоа на протестен марш од Владата на Ковачевски до Министерството за образование на министерот Јетон Шаќири.