„Секој од вас е еднакво важен и за нашата сегашност и за нашата иднина како држава,“ порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанскиот митинг во скопско Сопиште. Тој воедно истакна дека за време на кампањата ќе посети што поголем број на места и граѓани за да разговара со секој од нив.
„Таа иднина мора да биде подобра, таа иднина мора да обезбеди поквалитетен живот за сите. Таа иднина треба да нѝ помогне да ги задржиме нашите деца тука, во Македонија. Да бидат среќни и задоволни во сопствената татковина,“ порача Ковачевски.
Тој истакна дека, единствен начин да се изгради таква иднина е членство во Европската Унија.
„Затоа, ние не се откажуваме од европскиот стандард, европските вредности, европскиот систем. Македонија заслужува да биде дел од европското семејство!Ние заслужуваме да бидеме дел од Европа!
И најмногу од сите, нашите деца заслужуваат европска иднина!,“порача Ковачевски .