Во пресрет на вечерашниот протест, премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски на заедничка прес-конференција со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел предупреди дека вечерва на протестите се планира нешто што не доликува на земја членка на НАТО Алијансата и која претендира да стане земја членка на ЕУ
Ковачевски вели дека информациите ги добил од Министерството за внатрешни работи, а протестите пред Владата според него се организирани од политички партии кои јасно застанале против членството на … Македонија во НАТО и ЕУ.
„Република … Македонија е демократска држава која има најуредено законодавство и институции во однос на остварување на права на граѓаните по сите основи. Секој може да протестира. И јас сум протестирал. И кога требало да се бранат правата на студентите и кога требало да се бранат правата на професорите. Но, никогаш не се случило освен еднаш и сега вторпат да протестираат луѓе кои носат качулки, кои гаѓаат по полиција, да имаме повредени полицајци. Видовте вчера дека полицијата се повлече“
изјави премиерот Ковачевски