Ги развиваме општините за да имаме развиена економија, вели премиерот Димитар Ковачевски.
– Континуирано вложуваме во проекти за развој на североистокот, кои значат подобри услови за живот и подобар стандард за граѓаните, објави Ковачевски на својот профил на Фејсбук.
Во прилогот објавува видео од денешното гостување во Крива Паланка, каде што го придружуваа министрите Оливер Спасовски и Љупчо Николовски.
Инаку, кога станува збор за „развиените општини“ деновиве се пожалија дека многу од нив не можат да си ги платат и сметтките за струја и ќе бидат принудени да ги зголемат комуналните давачки.