Мултимилионската инвестиција и електричниот автомобил „E-Go“ кој ќе се произведува во ТИРЗ во Тетово е нашиот влог за идните генерации, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Ова е иднината, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Но ова е иднината и на образованието. Вакви инвестиции, вакви фабрики, го менуваат образованието во државата, обезбедуваат економска вредност и технолошки развој кои ќе го променат животот во локалната заедница, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Тој вчера заедно со коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги фрлија првите лопати во темелот на фабриката за која ќе бидат платени 130 милиони евра од Буџетот на Македонија.

Се е добро, кога добро ќе заврши, но ова е само на почеток и манифесатција на Владата на Ковачевски во пресрет на вонредните избори за советници во Тетово. А во јавноста, како и кај експерти, се појавија ногу сомнежи за иднината на овој проект.

Нека е за арно, но Македонија памети многу фрлени лопати во темелници, кои потоа биле засекогаш заборавени.