КОВАЧЕВСКИ: Посакувам успешна парада, а грижата за ЛГБТ e наш патоказ за демократско општество со европски вредности во РСМ

/ 25.06.2022

Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација, изјави премиерот Димитар Ковачевски за денешната Парада на гордоста во Скопје.

– Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите. Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме. Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во С. Македонија. Посакувам успешен и мирен, порача Ковачевски.


Од истата категорија