РС Македонија не може да се врати од патот кон Европската Унија, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Тој во интервјуто на ТВ Канал 5 посочи дека РС Македонија е земја која ги надмина конфликтите и прерасна во просперитетна, напредна држава и оди напред кон ЕУ.
– Евроспката Унија почива на добрососедски односи, каде држави кои меѓу себе војувале, кои не можеле жртвите да ги пребројат меѓу себе, се обединиле и ги надминале разликите. И заедно со САД се место каде има економски просперитет, демократија и критично размислување и социјална правда, рече Ковачевски.