Во реплика на вчерашната собраниска седница, премиерот Димитар Ковачевски „засвири“ на патриотската жица за која порано неговиот претходни Зоран Заев велеше да не му ја чепкаат.
Ковачевски осврнувајќи се на македонската дијаспора, порача дека Владата, државата, се грижи за секој припадник на дијаспората, за Македонците без разлика на тоа каде живеат, додавајќи дека единствено опозицијата е таа која се обидува да ги наруши добрососедските односи.
-Во однос на прашањата со дијаспората, сакам овде многу јасно да кажам, Македонци има и во Америка, Канада, Германија и во Швајцарија, Австралија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и во Косово и секаде се тоа Македонци кои што зборуваат македонски јазик на кој што сме ние исклучително горди. Земете ги само од пред две недели снимките од МНР каква се помош беше однесена во Албанија за нашите Македонци кои живеат таму, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека добрососедските односи ги руши единствено опозицијата.