СДСМ ќе има коалиција којашто сигурно ќе победи на изборите, а по изборите наредната 2024 година јас повторно ќе бидам мандатар на владата и ќе бидам претседател на проевропска влада, рече претседателот на СДСМ и премиер, денеска во интервју за Канал 5 Телевизија.
-За СДСМ, најголема политичка партија во државата, воопшто не е прашање дали изборите ќе бидат во месец мај или во месец јуни. Бидејќи ние секако ќе направиме коалиција која што сигурно ќе победи на изборите. Коалиција која што сигурно ќе ја формира новата влада, и претседателскиот кандидат кој што ќе биде предложен од СДСМ и поддржан од европската коалиција ќе биде победник на претседателските избори кои што ќе се одржат идната година. После изборите јас повторно но ќе бидам мандатар на владата и ќе бидам претседател на влада кој што ќе предводи влада која што ќе ја внеси државата во ЕУ, рече Ковачевски.
Во однос на модалитетот за настан на изборите, точно е дека имаме разговори со коалиционите партнери, секако медиумите ќе имаат соодветни информации кои што ќе се споделуваат, додаде Ковачевски.
-Уште минатата година во моите настапи на трибините кои што ги имавме организирани од СДСМ, меѓутоа и во настапите на нашите коалициони партнери, пред се мислам на ДУИ, јасно беше стекнато дека Северна Македонија има два концепти. Едниот е европскиот концепт, кој што го сочинуваат коалиционите партнери кои што денес си ја водат Владата. Концепт кој што се застапува за интегрирање на државата во ЕУ, кон членството во НАТО, на спроведување на Охридскиот рамковен договор, на спроведување на Преспанскиот договор и на почитување со сите соседи, со спроведување на преговарачката рамка која што е одобрено во нашето Собрание. Таа платформа сметам дека ова коалиција ќе биде договорена за следните избори и тоа ќе биде победничката коалиција која што ќе ја внесе државата во ЕУ. Јас тоа ви го кажав и на почетокот на овој мандат. Ние ќе имаме техничка влада нормално како е препишано со Закон, бидејќи тоа е законско решение на 100 дена пред изборите. Меѓутоа после изборите јас повторно ќе бидам мандатар на владата и ќе бидам претседател на Влада кој што ќе предводи Влада која што ќе ја внеси државата во ЕУ., рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, за Канал 5 Телевизија.