„Изградивме 1 300 км нови патишта во последните пет години. Градиме квалитетна инфраструктура која на долг рок ќе придонесе за нашиот економски развој и ќе овозможи подобар живот за сите.
Градиме патишта кон нашата европска иднина. Нема недостижна цел.“
Ова е денешната фалба на Димитар Ковачевски на социјалните мрежи. Инаку, овие 1 300 км ги спомена уште во 2020 година Бочварски како изградени, но нејсе… Клучното прашање е каде се овие 1 300 км патишта, после кои во Македонија не би имало ни еден неасфалтиран метар.
На сето ова реагираше Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, со свој коментар на ФБ профилот:
„Ковачевски почнува да лаже повеќе и од неговиот претходник, а со манипулацијата за 1.300км нови патишта и за автопатот Охрид-Кичево го потценува здравиот разум на граѓаните во цела Македонија“, напиша Милошоски.