Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Прајс Агелер.
– На денешната средба со амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, го потврдивме силното стратешко партнерство меѓу С. Македонија и САД. Со амбасадорката Агелер разговаравме за реформските процеси на државата, со кои се обезбедува подобар живот за граѓаните, објави Ковачевски на својот профил на Фејсбук.
Ковачевски натаму додава:
– Амбасадорката Агелер упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави и понатаму ќе бидат искрен партнер и пријател на државава, на чија поддршка можеме да сметаме, објави македонскиот премиер.