Реформски ја унапредуваме јавната администрација, за подобри услуги за граѓаните и компаниите, истакна премиерот Димитар Ковачевски денеска на Министерската конференција на Западен Балкан за реформи во јавната администрација, која во Скопје ја организираа СИГМА/ОЕЦД и Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).

На настанот, на кој се обратил и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, организиран со цел да се прикажат и промовираат добрите практики за трансформација на јавната администрација, како и спроведувањето на реформите клучни за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, присуствувале и ресорни министри од земјите на Западен Балкан, претставници на Европската комисија, донаторската заедница, регионални и меѓународни организации, граѓански организации, експерти и високи јавни службеници, информираат од владината прес-служба.Ковачевски на конференцијата ја потенцирал нивната огромна поддршка во процесот на унапредување на состојбите во администрацијата, помагајќи со конкретни проекти и преку компаративни искуства и успешни примери од други земји во делот на реформите, дигитализацијата на услугите и доброто владеење.

-Реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети и е важен предуслов во процесот на европската интеграција на РС Македонија. Таа е опфатена во првиот Кластер, „Основи”, кој е пак е од суштинско значење за динамиката на преговорите во целина. Токму затоа, ние како земја која ги отпочна преговорите со Европската Унија, на овие реформски процеси гледаме како на клучни за развојот и динамиката на процесот на пристапување, нагласил премиерот.

Македонија, како што посочил Ковачевски, постави добри основи и остварува напредок во овој сегмент, што е и нотирано во Извештајот на Европската комисија, Извештајот од спроведениот мониторинг од страна на СИГМА, како и Заклучоците на Специјалната група за Реформите на јавната администрација, за 2021 година.-Овие документи покрај тоа што даваат реална и објективна слика на постигнатиот напредок, детектираат и области кои бараат дополнителни реформи со цел да се усогласиме со стандардите на Европската Унија. Со динамично темпо се справуваме со предизвиците што се пред нас, не само во насока на официјалното започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија, туку и во континуираната заложба да обезбедиме модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и компаниите, потенцирал Ковачевски.Тој истакнал дека дигитализацијата сама по себе не е исклучиво техничко-технолошки, туку е и општествен процес и препознавајќи ја значајноста на истата, ние како Влада ја продолжуваме силната политичка посветеност на процесот на реформите на јавната администрација.-Иако поради пандемијата бевме соочени со големи предизвици врзани со спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, сепак, процесот на реформа не запре. Нашите напори сите овие години, и покрај околностите, доведоа до подобрување на ефикасноста, транспарентноста и лесната достапност на јавна администрација. Оваа заложба беше препознаенa и од граѓанските организации, кои ја рангираа Владата на првото место според активната транспарентност, нагласил Ковачевски.Тоа, како што додал премиерот, ни дава мотив да останеме посветени на реформскиот процес но и на унапредување на сегментите кои ќе овозможат поефикасна администрација која ќе одговара на потребите на граѓаните.Ковачевски информирал дека Министерството за информатичко општество и администрација подготвува нов осумгодишен стратешки документ за реформа на јавната администрација, а Советот за реформа на јавната администрација, продолжува да работи со континуирана политичка посветеност за остварување на заложбата за ефикасна, продуктивна и професионална јавна администрација.-Создавањето ефикасна, модерна и сервисно ориентирана јавна администрација е наша обврска и ние активно работиме на унапредување на условите за непречена комуникација со граѓаните. Нашите политики ги креираме на инклузивен начин, преку почитување на ставовите на граѓаните и во соработка со граѓанските организации во клучните секторски реформи, рекол премиерот, потенцирајќи ја важноста на реформа на јавната администрација, но и посветеноста на Владата во овој процес којшто е од голема важност за нашата земја.-Во таа смисла особено е значајно да се вклучат сите оние кои се занимаваат со остварување на цели од јавен интерес, сите оние кои имаат компетенции, знаење и ентузијазам и кои се клучни за унапредување на демократските вредности во нашата земја, за унапредување на реформските процеси и пристапувањето во ЕУ, истакнал Ковачевски.Премиерот на конференцијата ги охрабрил сите засегнати страни активно да ги користат институционалните консултативни механизми за соработка, донаторската заедница и другите заинтересирани страни, со цел заеднички да работиме на унапредување на клучните секторски реформи и унапредување на потенцијалот на нашето општество.-На крајот, би сакал да се заблагодарам на нашите партнери и поддржувачи во процесот на реформата на јавната администрација а тоа пред сѐ: СИГМА, РЕСПА, Европската Унија, претставувана преку Европската делегација во С. Македонија, останатите меѓународни организации, како и граѓанското општество. Тие се наша сериозна поддршка во процесот на унапредување на состојбите во администрацијата, помагајќи преку конкретни проекти, компаративни искуства и успешни примери од други земји во делот на реформите, дигитализацијата на услугите, но и доброто владеење.Продолжуваме активно и посветено да работиме на реформските процеси во соработка со сите засегнати страни, со цел што поефикасна администрација сервис на граѓаните но и остварување на стратешките цели на државата со полноправно членство во ЕУ, нагласил Ковачевски.