Буџетот за 2023 година е основа за нашата визија за стабилна, економски просперитетна и напредна С. Македонија, тоа е Буџет од кој се очекуваат резултати, вели премиерот Димитар Ковачевски, во објава на Фејсбук.
Тој тврди дека биле обезбедени средства за раст и развој, за реформи, трансформација на општеството и забрзана евроинтеграција.
– Со напорна работа, нема недостижна цел!- вели Ковачевски.
Во собраниската Комиисја за финансирање и буџет утре е шестиот ден од амандманската расправа по Предлог буџетот за идната година.