Јас со мојот тим во Владата работам деноноќно, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на партиската трибина во Гевгелија.
– Во најтешката економска и енергетска криза досега со политиките на Владата предводена од СДСМ се успева да се стабилизира економијата, тие не ги решаваат сите проблеми што ги отвори војната во Украина и глобалната енергетска криза, но обезбедуваат стабилност во енергетскиот сектор, рече Квачевски вечерва во Гевгелија.
Тој потенцираше дека Владата предводена од СДСМ обезбедува 100 отсто струја од домашно производство. И по којзнае кој пат повтори дека ја субвенционира цената на струјата за повеќе од 72.000 мали потрошувачи и сите домаќинства со 80 отсто од реалната цена.
– Обезбедивме топли училници и непречено одвивање на наставата, 365 основни и 109 средни училишта и здравствените установи добиваат поевтина струја. Јас со мојот тим во Владата работам деноноќно за сето ова да функционира, да имаме доволно храна, струја, енергенси. Тежок период е, даваме се од себе и така ќе продолжиме, реле Ковачевски.