Утрешниот ден го прогласивме за Ден на жалост во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција и Сирија, објави премиерот Димитар Ковачевски.
– Граѓаните на С. Македонија во мислите и молитвите се со нивните најблиски, со нивните семејства. Во име на сите граѓани на РС Македонија изразувам сочувство до сите кои ги загубија своите блиски. Како држава и како народ ќе продолжиме да помагаме, ќе бидеме солидарни и ќе бидеме поддршка за настраданите граѓани, за оние кои изгубија сѐ, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.
Ваква одлука донесе Владата на денешната седница, со која 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.