Заедништвото ги обединило нашите борци во напорите за ослободување на Скопје, заедништвото ќе ни помогне и во сите идни предизвици, напиша утрово на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

– Денеска кога го одбележуваме 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, се сеќаваме и го празнуваме херојството на борците кои пред 79 години извојуваа победа и испишаа нова историја на ослободеното Скопје. Вечна слава и длабока почит на нашите храбри борци кои по цена на своите животи ја извојуваа слободата во која живееме денес, слободата на градот кој денес е симбол на непокорот и заедништвото на нашите предци, се вели во честитката од Ковачевски до граѓаните по повод 13 Ноември.

Ковачевски не спомнува против кого се бореле нашите, како што е наведено во честитката, храбри борци за слобода.

Фото: Фејсбук на премиерот Ковачевски