Премиерот Димитар Ковачевски објави неколку фотографии од него и македонската делегација на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Од фотографиите објавени на неговиот фејсбук профил може да се заклучи дека снимките се направени во моментот кога генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш држи говор зборувајќи на англиски јазик.

Занимлив детал на фотографиите е што Ковачевски носи слушалки за превод, а истовремено Бујар Османи, Љубомир Фрчкоски и поголемиот дел од македонската делегација не носат.

Ова отвора сомнеж за неговата способност да зборува и разбира англиски јазик. Во неговата биографија објавена на страницата на Владата е наведено дека зборува течно англиски јазик, се служи со германски јазик и користи низа интегрирани информациони системи.