За мене етничката припадност не е професија, секој кој исполнува професионални критериуми кои се стекнуваат со знаење, со искуство, со посветеност, со работа може да биде претседател на Влада, особено во технички мандат. Сме имале и премиер кој беше Влав и успешно се справуваше со предизвиците. Затоа сметам дека тоа е нешто што е асполвирано во јавноста уште пред три години, изјави синоќа премиерот Димитар Ковачевски.

На гостувањето во централниот дневник на ТВ Сител, Ковачевски рече дека прашањето за предвремени избори е затворено и дека во 2024 година прво ќе се одржат претседателските, а потоа и редовните парламентарни избори.

Негов личен став е дека Влада од типот на Пржинската не и е потребна на држава која е членка на НАТО и која „има отворено преговори со ЕУ“.

– Таа влада беше договорена низ едни тешки преговори кога нашата држава беше заробена држава, кога беше обзнането дека државните институции се злоупотребуваат политички и како резултат на преговори се дојде до една техничка Влада од 100 дена која ги спроведува изборите. Земја која е членка на НАТО, која отвори преговори со ЕУ, која претседава со ОБСЕ, која во моментов е фактор на стабилност на Балканот, сметам дека не треба да има, рече Ковачевски.

Вели дека лидерска средба нема да има, а убеден е дека на редовните парламентарни избори ќе победи сегашната коалицја.