Повторно грабеж во Министерството за одбрана. И после 2 години од грабежот во централата на МО кога беа украдени униформи и друга опрема, случај кој до денес не е расветлен, денеска во центарот на Скопје, на улица Орце Николов е ограбена подрачна единица на Министерство за одбрана, обвинува Драган Ковачки.
„Од подрачната единица на Министерството за одбрана се украдени класифицирани документи и украдени се компјутери на кои имало класифицирани, односно строго доверливи податоци. (!)
Ова дело не е само за оставка, туку и за кривична одговорност.
Срамот кој СДС – антимакедонска и’ го нанесува на државата, на одбраната и на безбедноста е огромен.
Лично не се сеќавам на ваков аматеризам и неодговорност во Одбраната“ – обвини тој.