Уште еднаш докажа дека е без достоинство, дека е уценет и дека не е претседател на сите граѓани!
Вака гласи коментарот на полковникот Драган Ковачки за вчерашната одлука на претседателот Стево Пендаровски со која се помилуваат повеќе осудени лица меѓу кои и полицаецот кој го спаси Зијадин Села во Собранието на 27 април.
Ковачки не е против помилувањето на Фета Алими но прашува зошто не е помилуван ниту еден од осудените за тероризам за овој случај.
– Уште еднаш докажа дека е без достоинство, дека е уценет и дека не е Претседател на сите граѓани. Зошто не се помилувани и останатите од 27 април? За удрена клоца, луѓе лежат по 15 години, коментира Ковачки на Твитер.
Како што објавивме, Пендаровски вчера помилува пет лица на кои целосно или делумно им се укинува казната издржување затвор.