Денеска пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата која свесно и намерно ја создадоа со пасошите, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
Нашиот предлог Закон за измени и дополнувања со кои баравме да се продолжи рокот на важење на пасошите издадени со име Република Македонија, а кои имаат важност, беше одбиен од тие што го создадоа проблемот.
Одлепеноста од реалноста и несакањето да им се излезе во пресрет на сопствените граѓани кои ги изолираа од останатиот цивилизиран свет е невиден феномен посебно имајќи во предвид дека сме членка на НАТО и сакаме да отпочнеме преговори со Европската унија.
Во 21 век, да ограничувате слобода на движење на луѓе, да кршите Уставни права за влез и излез од сопствената држава, да свесно оневозможувате право на лечење на болни надвор од нашата држава, да го ограничувате правото на секој да може да бира и да биде избран се граничи со лудост.
За здрав ум е несфатливо да имаш законска можност да им помогнеш на своите граѓани, да имаш шанса да исправиш проблем кој сам си го создал, притоа истото да нема никакви финансиски импликации, т.е. да не чини пари, и тоа да го одбиеш!
Македонија ја води убедливо најлошата владејачка структура во историјата.
Затоа, потребни се промени и решавање на наталожените системски проблеми.
Македонија заслужува многу повеќе!, порача Ковачки.