КОВАЧКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ И ПЕТРОВСКА: Се срамам што овие луѓе ја водат Македонија која треба да учествува на самити на НАТО

/ 28.09.2022

Ова е дебакл за Владата, за (Димитар) Ковачевски, за (Славјанка) Петровска и за целиот нивен кабинет, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната прес конфернција.

Тој запрашан да даде коментар за вчерашниот скандал од СДС преку кој партискиот огранок од Арачиново повикуваат на вработување на професионални војници потенцираше дека тоа е дебакал:

-Ова е дебакл за владата, за Ковачевски, за Петровска и за целиот нивен кабинет. Се срамам што овие луѓе ја претставуваат Македонија што треба да учествуваат на Самити на НАТО, се срамам што ја водат Македонија така едни неспособни, едни криминални луѓе што ја партизираат државата. Вработувањето на професионални војници со партиски повик со одобрување на претседателот на партиски огранок во случајов кој го фативме во Арачиново е пример како функционира СДС во последниве 5 и пол години и зошто од Македонија ете така кажано се иселени околу 700.000 луѓе. Ова е срам и блам за македонската армија, ова е доказ дека Социјалдемократскиот Сојуз партизира, се од чистачка до министер. Устата им е полна со стандарди и со НАТО, а огласите за професионални војници им поминуваат низ штабскиот филтер на огранокот во Арачиново. Срамота, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека сето ова е правено по насока на дезертерот Ковачевски и неговата калфа Миле Зечевиќ.

-Мислам дека Славјанка Петровска и дезертерот Ковачевски да кажат значи според кои НАТО стандарди огранокот на СДС во Арачиново регрутира професионални војници за АРМ. Ова е срам и за АРМ и за НАТО и за ова мора да има одговорност. Не смее целиот според мене скандал да помине со оградување од локалниот огранок од Арачиново. Тоа не е правено на сопствена рака, ова е правено по насока на дезертерот Ковачевски и неговата калфа Миле Зечевиќ, рече Ковачки.

Ковачки укажа дека потребни се оставки и од Петровска и од целата македонска влада и се потребни исто така предвремени парламентарни избори со цел да се стави крај на овој срам.

-Потребни се оставки и од Славјанка Петровска и од целата македонска влада. На Македонија и потребни предвремени парламентарни избори со цел да ставиме крај на овој срам што и го приредуваат на Република Македонија, додаде Ковачки.


Од истата категорија