Во канцелариите на грчката опозициска партија СИРИЗА утрово бил откриен сомнителен коверт што содржел непознат прав, објавија грчките медиуми.

На ковертот не биле наведени податоци за испраќачот, а веднаш била информирана полицијата, која интервенирала.