Во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19
Во Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5. Починати се осум лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово. Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем.
Во ГОБ „8 Септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент на 53 години. Во Клиниката „Филип Втори“ е починат пациент од Дебар на возраст од 52 години.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.406, бројката на оздравени пациенти е 3.554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.493. Еден од вчерашните тестови е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3.573, активни 1.895
• Куманово 813, активни 174
• Дебар 118, активни 65
• Штип 404, активни 159
• Прилеп 286, активни 55
• Тетово 805, активни 343
• Струга 282, активни 181
• Велес 198, активни 37
• Битола 63, активни 22
• Охрид 210, активни 181
• Кавадарци 22, активни 15
• Гостивар 180, активни 109
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 18, активни 10
• Крива Паланка 17, активни 11
• Радовиш 4,
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 75, активни 17
• Пробиштип 28, активни 17
• Демир Хисар 3, активни 2
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 3,
• Валандово 6, активни 2
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1,
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 56, активни 49
• Кичево 52, активни 43
• Ресен 127, активни 87
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1794 теста се преку: ИЈЗ-1002, Авицена-102, Биотек-155, МАНУ -123, Клиника „Жан Митрев“ -209, Судска медицина – 14, Систина со PCR метода -148, ЦЈЗ Битола-41. Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти од кои на кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, едно дете позитивно и едно суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум пациенти, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 348
• Аеродром – 152
• Бутел – 155
• Гази Баба – 194
• Центар – 142
• Карпош – 149
• Сарај – 129
• Кисела Вода – 113
• Ѓорче Петров – 108
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 84
• Арачиново – 45
• Илинден – 29
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 17
• Сопиште – 8
• Зелениково-9
• Странец – 1
• Нераспределен- 89.