Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 707,738 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 33,526, а оздравеле 150,732 лица.
– Италија објави нови бројки за заразените со коронавирус – од вчера бројот на заразени се зголеми за 3.815 лица, а од почетокот на пандемијата во таа земја инфицирани се вкупно 97.689. За последното деноноќие починаа уште 756 луѓе, со што бројот на смртни случаи се искачи на 10.779, а оздравеа 13.030 лица.
– Милиони Американци ќе бидат заразени со Ковид-19, а фателно би можеле да завршат меѓу 100.000 и 200.000 лѓе, изјави денеска инфектологот и советник на претседателот Доналд Трамп за коронавирус, Антони Фаучи.
– Словенечката Влада го усогласи пакетот закони со финансиски и даночни олеснувања и субвенции за економијата и граѓаните погодени од епидемијата на коронавирус и одлучи од првобитните две милијарди помош да ги зголеми на три милијарди евра. Законот, меѓу другото, предвидува префрлување на трошоците на уплата на придонес за вработени во фирмите и за надмоест за чекање и време на боледување од работодавачот на државата и државниот завод за здравствено осигурување.
– Во текот на денешниот ден во Хрватска се потврдени 56 новозаразени од коронавирус и сега има вкупно 713, а 55 се ислекувани. Шест лица починаа во таа земја.
– Во областа Псков, во европскиот дел на Русија, почина првата личност од коронавирус, соопшти денеска локалниот кризен штаб.
– Потврден прв смртен случај во Сирија.
– Берлинските клубови задоволни со одзивот на нивната секојдневна стриминг програма, воведена откако на 13 март поради пандемијата со коронавирус беше забранета работа со публика. – Само во првата недела забележани се над три милиони корисници на стримот #Unitedwestream”, изјави портпаролот на група берлински клубови.
– Гренлад денеска забрани консумација на алкохол во главниот град Нук и блиските населби, во обид да го намали насилството над децата во време кога луѓето мора да остануваат во своите домови за да се запре ширењето на вирусот. Се забранува во целост продажба на алкохолни пијалаци, а одлуката стапува во сила веднаш и ќе трае до 15 април.
– Во велика Британија потврдени се 1.288 смртни случаи и 19.522 заразени.
– Одговорот на Европската комисија на кризата со коронавирусот ќе ја одреди нејзината веродостојност во иднина, оцени денеска француската министерка за европски прашања Амели де Моншен. – Ако Европа е единствен пазар само во добри времиња, тогаш таа нема смисла, вели француската министерка, откако ЕУ минатата недела не успеа да договори заеднички мерки за помош на економијата.