Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје 17, Куманово 13, Прилеп 11, Тетово 10, Струга 5, Велес 2, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 4, Гостивар 7, Гевгелија 7, Струмица 2, Крива Паланка 2, Кочани 3, Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Берово 1, Виница 2, Делчево 2, Свети Николе 2 и Ресен 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенти од кои во Скопје 19, Куманово 7, Прилеп 5, Тетово 3, Струга 3, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 7, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Берово 3, Делчево 3 и Свети Николе 2.
Починати се 2 лица во болнички услови, пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 15.791, бројот на оздравени е 13.184 пациенти, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.959. Досега се направени вкупно 165.892 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, вкупно има хоспитализирани 85 пациенти, на кислородна поддршка се 44, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респираторна машина има 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, во Штип 46 пациенти, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се примени на лекување 138, позитивни и сомнителни на Ковид-19.