Научниците се во финална фаза на тестирање на две вакцини против Ковид-19, од вкупно четири вакцини кои ги развива Куба.
Едуардо Мартинез, претседател на фармацевтскиот конгломерат БиоКубаФарма, кој го надгледува развојот на вакцините, изјави на прес-конференција во Хавана дека илјадници луѓе учествувале во раните фази на вакцините Соберана 2 и Абдала, кои покажале „силен имунолошки одговор“ и немало сериозни нуспојави.
Државната телевизија објавила снимки од фабриките кои произведуваат илјадници дози од двете вакцини.
Уште две вакцини од Куба, од кои една се прима преку спреј во нос, се и понатаму во рана фаза на тестирање, што се спроведуваат и во Иран, Венецуела, а и Мексико можеби ќе учествува во тестирањето.
За кубанските вакцини не се потребни ладилници, според тврдењето на кубанските власти, а прелиминарните резултати се очекуваат во мај.