Во Кина вчера е регистриран само еден нов случај на зараза со коронавирусот и ниту еден „увезен случај“, соопшти Националната здравствена комисија.
Вкупниот број на заразени во Кина изнесува 82.886, а починале 4.633 лица, соопштија здравствените власти.
Здравствената комисија за вчера пријави и 16 асимптоматски случаи.
Како што веќе објавивме, истовремено вчера во Македонија се регистрирани 33 нови заразени со коронавирус, а како што е познато Македонија има околу два милиона жители, а Кина околу 1,4 милијарди население.