Македонија вчера имаше 31 починат од Ковид 19. Стабилно, би рекле Филипче, Шахпаска и другите. Зашто пикот бил во ноември.
Бразил вчера имаше 3 480 мртви од Ковид 19. Катастрофа се случува, велат светските извештаи. Не постои друга држава на светот која вчера имала толку мртви. Дури ни Индија, која за вчерашниот ден пријави нешто над 2000 починати од Ковид 19.
Така што ние можеме да бидеме мирни.
Но, чекај малку. Бразил има 214 милиони жители. Кога тоа ќе се подели, ќе се добие дека на два милиони жители, Бразил, најкатастрофалната земја во светот кога е во прашање Ковид 19, вчера имал 33 починати од Ковид 19 или 16,5 на еден милион жители.
Ние, на два милиони имавме 31 починат или 15,5 на еден милион жители. Стабилно, нели?
А Бразилците го имаат бразилскиот сој кој, велат, бил полош од британскиот.