За 24 часа во земјава регистрирани се 118 нови случаи со вирусот КОВИД-19. Најмногу нови случаи има во Скопје – 55, Тетово – 20, Охрид и Куманово по девет случаи, Ресен – пет, Прилеп – четири, Струга, Велес и Струмица по два случаи…
Во ГОБ „8 Септември“ починаа четири лица од Скопје – пациент (58 г.) примен на 9 јуни, пациент (73 г.) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73 г.) примена во болницата на 22 јуни. Почина и пациент (72 г.) на 21 јуни, а потврден е неговиот позитивен резултат.
Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4,
Вкупниот број на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројот на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти од кои на кислородна поддршка се 46 пациенти, и нема пациенти на механичка вентилација.
Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на Ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Меѓу скопските општини, Чаир е сè уште на врвот на листата со најголем број активни случаи (402), а следуваат Гази Баба (150), Бутел (138), Сарај (137), Аеродром (136), Центар (131)…
Исламската верска заедница годинава нема да организира заминување на аџилак по најавите дека Саудиска Арабија ќе прими ограничен број верници. Во соопштението на ријасетот кое го потпиша в.д. реисот Шаќир ефенди Фетаху се наведува дека причините се опасноста од КОВИД-19 и ограничувањата кои ги воведе Саудиска Арабија.