Во моментов во Македонија се активни 4.079 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега починаа 445, а се излекуваа 5.145 лица. Вкупно се регистрирани 9.669 заразени лица. Досега во земјата се направени вкупно 91.015 тестирања на Ковид -19.
Се уште се во сила мерките за носење на заштита на пределот околу устата и носот, држењето на дистанца и негрупирањето. Сепак, како што посочуваат и надлежните, се помалку се почитуваат препораките, а бројот на заразени не се намалува. Во последниот период, откако се укинаа речиси сите рестрикции и се воведоа протоколи за функционирање, секојдневно се бележат по над сто случаи на новозаразени со Ковид-19.
Покрај групирањата забележани се и поголеми собири, како свадби, што е забрането во овој период. Граѓаните се се поделени мислења, едни сметаат дека потребно е повторно воведување на рестрикции, како полициски час, други пак дека со мерките не е постигнат потребниот ефект и оти е пресудна свеста на луѓето.
Во текот на предизборната кампања, а и по објавувањето на резултатите, политичките партии упатуваа критики едни кон други за непочитување на мерките за време на нивните настапи пред граѓаните. Во претходниот период беа регистрирани неколку заразени фукционери, а деновиве беше соопштено дека и министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за образование економија Крешник Бектеши се позитивни на Ковид-19.
Најмногу новорегистрирани случаи се уште се бележат во Скопје, каде во моментов се активни 1938, во Куманово 257, Дебар 114, Штип 349, Прилеп 51, Тетово 287, Струга 189, Велес 27, Битола 46, Охрид 104, Кавадарци 18, Гостивар 217, Гевгелија 8, Струмица се активни 21, Крива Паланка 8, Радовиш 22, Крушево 10, Кочани 20, Пробиштип 27, Демир Хисар 18, Македонски Брод 6, Берово 1, Виница активни 1, Кратово 7, Свети Николе 192, Кичево 85, Ресен 53, Неготино активни три случаи.
По општини, во Скопје најмногу нови случаи се бележат во Чаир – 280, Аеродром – 204. Бутел – 141, Гази Баба – 206, Центар – 165, Карпош – 171, Сарај – 114, Кисела Вода – 169, Ѓорче Петров – 125, Студеничани – 107, Шуто Оризари – 108, Арачиново – 34, Илинден – 25, Петровец – 23, Чучер Сандево – 11, Сопиште – 20, Зелениково- 13, седум странци и 15 нерспределени.
Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти.
– Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, седум позитивни деца. Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се пет пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.