Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 787 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на ковид-19: Скопје – 56, Прилеп – 5, Битола, Кратово и Куманово – по 3, Кавадарци, Охрид, Тетово и Штип – по 2, Берово, Гевгелија и Кичево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 25 реинфекции. Регистрирани се 77 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 9, Прилеп – 6, Куманово – 3, Тетово и Ккавадарци – по 2, Велес – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.167.428 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, на починати е 9.531 а бројот на активни случаи изнесува 378.