По вчерашниот двоцифрен број на заболени од ковид -19, денеска Министерството за здрваство повторно регистрира трицифрен број на заболени.
Во изминатите 24 часа евидентирани се нови 115 случаи од кои најголем дел се во Скопје (34) по што следуваат Прилеп со 15, Штип со 14, Струга со 13 и Куманово со 10 нови случаи. Во останатите градови бројот на новозаболени е едноцифрен.
Направени се 1 665 тестирања, а Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти. Починат е еден пациент од Гостивар на 76-годишна возраст во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14 455, бројката на оздравени пациенти е 11 525, а на починати 604. Во моментот, бројот на активни случаи изнесува 2 326. Во Скопје најмногу активни случаи има во Чаир и Аеродром (98) по што следува Гази Баба со 93.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На кислородна поддршка се 46, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, пет позитивни деца, три мајки и четири деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 , позитивни и сомнителни на ковид-19.