Во деноноќието меѓу саботата и неделата во Македонија беа регистрирани нови 345 случаи на Ковид-19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи изнесува 16.419. Од почетокот на пандемијата вкупно се заразени 86.494 лица, бројката на оздравени пациенти е 67.453, а на починати 2.622.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите. За 24 часа во деноноќието меѓуво ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот со што вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Од Министерството за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Во претходното деноноќие се направени вкупно 2455 тестирања, регистрирани се 345 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 289 пациенти, а починати се осум пациенти, на возраст од 48 до 82 години, сите во болнички услови.

Од новите случаи на Ковид-19, 129 се во Скопје, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14. Како оздравени од страна на Институтот за јавно здравје вчера беа регистрирани 289 пациенти.

Според епидемиолошки анализи во Скопје во моментов има најмногу активи лица на Ковид-19, вкупно 10022.