Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава се намалува. Вчера нивниот вкупен број изнесуваше 16.704 од кои 10.231 се во Скопје, а завчера – 16.964 од кои 10.322 од Скопје.
Според податоците на Министерството за здравство за изминати 24 часа, регистрирани се нови 166 случаи со Ковид-19, починати се 10 пациенти, а оздравени се 416 пациенти.
На инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 883 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 379 се во Скопје. Има околу 450 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 85.494, бројот на оздравени пациенти е 66.209, а на починати е 2.581.
Мерките за заштита од Ковид-19 кои опфаќаат носење маска, држење дистанца и избегнување групирање и натаму се задолжителни. Според вчерашните податоци на МВР, 390 лица се казнети поради неносење заштитна маска.