Во светот веќе има над 13 милиони, поточно 13.041. 695 заразени лица со коронавирусот, пренесе страницата „Ворлдметерс“.

Според неа, од Ковид-19 досега умреле 571.660 луѓе, додека 7.578.093 се излекувале.

Се уште е најлоша ситуацијата во САД, каде што повеќе од 3,4 милиони луѓе се заразени со вирусот, додека 137.733 лица умреа.

На второ место по бројот на заразени и мртви е Бразил со повеќе од 1,8 милиони случаи и 72.100 смртни случаи.

Следува Индија со 879.466 заразени, Русија 727.116 заразени и Перу со 326.326 заразени.

Повеќе од 300.000 заразени лица уште имаат Чиле, Шпанија и Мексико, а на деветтото место е Велика Британија со 289.603 заразени лица. Јужна Африка е на 10-то место во светот по бројот на инфектирани со 276.224 случаи. сд/